ВИДЕО: Британецот Мо Фарах ја одбрани светската титула на 10 км на СП во алтетика во Пекинг

Натурализираниот британски атлетичар Мо Фарах ја одбрани титулата на 10 километри на Светското првенство во атлетика кое викендов започна во Пекинг.

mo-farah

Фарах делницата ја претрча со време од 27:01.13 минути и ја одбрани светската круна од пред 2 години во Москва. Втор низ целта со 63 стотинки послабо време од Фарах стигна Џефри Кипсанд Камворор од Кенија, а неговиот сонародник Пол Кипнгетич Тануи ја освои бронзата.

На стадионот „Птичје гнездо“ во Пекинг претходно Гирмај Гебреселасија од Еритреја победи во маратонската трка и на 19-годишна стана најмладиот светски првак во маратон во историјата.

mo-farah2

Првиот златен медал на СП 2015 го освои и Германија, откако Кристина Шваниц победи во фрлање ѓуле со далечина од 20,37 метри, што ѝ го обезбеди златниот медал.

Среброто ѝ припадна на домашната натпреварувачка Лијао Гонг со 20,30 метри, а Американката Мишел Картер го освои бронзениот медал со фрлени 19,76 метри.