(ВИДЕО) Дојде крајот и за Надал – Со шокантната изјави ги расплака фановите!

Loading

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал на прес-конференција соопшти дека следната 2024 година ќе ја заврши кариерата, објави шпанска „Марка“.

фото: Profimedia

Целиот свет остана во шок откако славниот Шпанец објави дека 2024 година ќе биде последна во неговата професионална кариера.

,,Ако продолжам да играм сега, мислам дека нема да можам да играм на турнирите следната година. Мојата намера е следната година да ми биде последна и да можам да играм турнири – изјави Шпанецот и потоа додаде:

,,Нема да играм на Ролан Гарос и ќе паузиран неколку месеци. Мојата намера е 2024 година да биде моја последна година. Морам да ставам крај на мојата спортска кариера. Ќе се обидам да го регенерирам моето тело. Нема да одредам датум за враќање. Кога ќе бидам подготвен, ќе се обидам да бидам таму.

Рафа се надева дека ќе се натпреварува на Австралија опен следната година.

,,Можеби ќе се вратам на крајот од сезоната во Дејвис купот, се надевам дека следната година ќе играм на Австралија опен. Тешките години се зад мене, иако победите тоа го прикриваа. Сега за жал, не можам да се натпреварувам на нивото што ми треба, па морам да ставам точка на спортската кариера. Ќе се обидам да го регенерирам моето тело – објасни славниот тенисер.

Да потсетиме, Надал заработи повреда на мечот со Мекензи Мекдоналд во второто коло на Австралија Опен и оттогаш нема играно.

фото: WILLIAM WEST / AFP / PROFIMEDIA

Интересно е што Рафа никогаш во кариерата не го пропуштил Ролан Гарос, а славниот турнир го освојувал дури 14 пати.

Потсетување, тенискиот гренслем Роланд Гарос започнува во понеделник на 22 Мај и ќе трае до 11 Јуни.