Сензациите во ова 3.коло на Евробаскетот 2022 се нижеа како на филмска лента.
Најпрво Германија по продолжение ја победи Литванија со 109-107, а можеби најголемата сензација ја приреди селекцијата на Босна и Херцеговина откако ја победи Словенија со 97:93 во натпреварот од 3.коло.
Фантастичниот Џенан Муса беше нерешлива енигма за бранителот на титулата во Европа, од друга страна Лука Дончиќ не одигра на своето ниво.
Со оваа победа БиХ стигна до скор како Словенија, две победи и еден пораз.
Дончиќ постигна 16 поени, но со многу лош удар 8 од 18 од поле. На другата страна блескаа Робертсон со 23 и Муса со 22 поени.
За потсетување, ова е прв пораз на Словенија на ЕП по 2015 година.
Еве како Босна ја надигра Словенија …..
До крајот на денот и селекцијата на Грузија во продолжение ја победи Турција со 88-83, а Белгија го победи големиот фаворит Шпанија со убедливи 83-73.