Тренерот на Надал откри голема тајна – Кога Федерер, Надал и Џоковиќ одат во пензија?

Карлос Моја, тренерот на Рафаел Надал, проговори за доминацијата на „големата тројка“.

Шпанскиот тренер и некогаш успешен тенисер истакнува дека годините не се проблем за Џоковиќ, Федерер и Надал.

,,Џоковиќ на 35, Надал на 36 и Федерер на 36, кога се врати во 2017 година, продолжуваат да освојуваат Грен слемови и затоа ја гледате нивната еволуција. Сите овие години ги победија сите нови генерации. Сите ги знаат сè подобро, но никој не може да им се спротивстави, едноставно не можат да најдат начин – изјави Моја за „АТП“.

Федерер одамна го заврши своето на највисоко ниво, но Џоковиќ и Надал се уште се фаворити во сите мечеви против сите други противници.

,,Рафа веќе ќе беше во пензија доколку не еволуираше. Без таков напредок сите тројца ќе се пензионираа – заврши Моја.