(ФОТО) Сапуница во НБА – Синот на Џордан ја смува бившата жена на Пипен!

Loading

Маркус Џордан (31), синот на најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, наводно е во врска со Лариса Пипен (48), поранешната сопруга на познатиот ас на Чикаго, Скоти Пипен.

фото: TMZ

Парот бил виден на ручек во јапонски ресторан во Мајами.

Скоти и Лариса се разведоа минатата година по 14 години брак, а занесната бринета не губеше време, веднаш барајќи утеха во прегратките на наследникот на поранешниот соиграч на Пипен.

фото: TMZ

Иако заедно со Чикаго освоија шест шампионски титули, познато е дека Пипен и Џордан немаат добри односи, па ниту еден од нив не се грижи кога ќе ги погледне фотографиите по кои брмчи цела Америка.