УЕФА го избриша Меси, Гризман, Роналдо и Бејл во трката за најдобар во Европа!

Loading

Во најтесниот избор на УЕФА за сезоната 2015/16 ќе го нема Меси, а изборот падна на Кристијано Роналдо, Герет Бејл и Антоан Гризман.

уефа

Португалецот Кристијано Роналдо со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите, а со Португалија стана и европски првак на ЕВРО 2016 што се одржа во Франција.

Герет Бејл, исто така е европски клупски првак со „кралскиот клуб“, а со Велс стигна до полуфиналето на Европското првенство.

Французинот Антоан Гризман имаше одлична сезона во Атлетико Мадрид, а беше и најдобар стрелец и најдобар играч на ЕВРО 2016.

Луис Суарез во овој избор се пласираше на четвртата позиција според гласовите, додека меѓу десетмината место најдоа и Лео Меси, Џанлуиџи Буфон, Тони Крос, Томас Милер, Мануел Нојер и Пепе.

Победникот ќе биде објавен на 25 август, кога во Нион ќе се одржи и ждребот за групите во Лигата на шампионите.