,,Триколорите,, се новите европски шампиони во одбојка

Loading

Одбојкарите на Франција се новите владетели на европската одбојка откако во финалето ја победија Словенија со 3-0 во сетови на шампионатот што се одржуваше во Бугарија во изминатите десетина дена.

france volleyball1

Французите на овој начин само потврдија дека моментно се најдобра репрезентација откако пред неколку месеци се закитија и со трофејот во Светската лига.

Словенија, која пред неколку месеци во финалето од Европската лига ја совлада Македонија, беше најпријатно изненадување на овој шампионат откако на патот до големото финале ги совлада светскиот првак Полска и Италија, а против Франција немаа сили за ново чудо.

france volleyball

Франција го доби првиот сет со убедливи 25-19, а Словенија својата шанса ја пропушти во вториот сет, кога прокоцка предност од 24-21, за да го загуби сетот со 27-29, а голема битка се водеше и во третиот сет, што Французите исто така го добија со 29-27 и со 3-0 се закитија со европскиот трофеј.

Бронзениот медал или третото место го освоија Италијанците, кои во малото финале го победија домаќинот Бугарија со 3-1 во сетови.