Фудбалската репрезентација на Македонија го отпушти Друловиќ и го назначи Игор Ангеловски за нов селектор!

Актуелниот тренер на ФК Работички Игор Ангеловски е избран за нов селектор на македонската фудбалска репрезентација.

drulovic i mrme1

Ангеловски се договори со челниците на фудбалската федерација и ќе дебитира на новата фукцнија на пријателскиот дуел со Црна Гора следниот месец.

Игор Англеовски е наследникот на Љубинко Друловиќ на кого му беше врачен отказ и ќе го води националниот тим на пријателските натпревари против Црна Гора и против Либан во неомври, а потоа ќе потпише долгорочен договор.

Ангеловски беше и помошник на Љубинко Друловиќ, а тој го предводи Работнички каде има одлични резултати и на домашен и на меѓународен терен.

????????????????????????????????????

Игор Ангеловски со Работнички беше шампион, двапати го освојуваше Купот на Македонија, а летово имаше одлична одисеја во квалификациите за УЕФА Европа лигата.

Ангеловски е вкупно 16-ти селектор на македонската фудбалска репрезентација, а четврти во мандатот на актуелното раководство.

„Не се плашам да ја преземам одговорноста иако резултатите од последниот квалификациски циклус и пласманот на ФИФА листата не ни одат во прилог и сметам дека тоа не е одраз на реалниот квалитет на фудбалерите. Ќе направиме се што е во наша можност да го поправиме впечатокот“, стои во изјавата на Ангеловски на официјалната страница на ФФМ.

Новиот селектор на Македонија ќе остане во Работнички до крајот на есенскиот дел од сезоната.