Светот се збогува со човекот на векот, легендарниот боксер Мохамед Али

Loading

Поранешниот светски првак во тешка категорија и легендарен боксер Мoхамед Али почина ноќта кон саботата во болница во Феникс на 75-годишна возраст.

али

„По борбата со Паркинсоновата болест, која траеше 32 години, Мухамед Али, трикратниот светски шампион во тешка категорија почина на 74 години“, ја пренесе телевизијата NBC изјавата на портпаролот на семејството на спортистот Боб Ганел.

Али беше хоспитализиран во болница близу Феникс, во сојузната американска држава Аризона. Боксерот треба да биде погребан во неговиот роден град Луисвил, во државата Кентаки.

Паркинсоновата болест му беше дијагностицирана во 1984 година, три години откако се повлече од боксувањето.

Болеста често се поврзуваше со траумите на главата, но состојбата на Али последните години дополнително се влошуваше, па речиси и не се појавуваше во медиуми.

Во средата Али беше хоспитализиран поради проблеми со респираторниот тракт односно со белите дробови.

Привичната дијагноза не беше потврдена, а здравствената состојба на Али била многу полоша отколку што се сметало во средата и бил префрлен на одделот за интензивна нега.

Боксерската легенда последните години беше хоспитализирана и на 20-ти декември 2014 година поради сомнение за воспаление на белите дробови. Сепак, лекарите подоцна открија дека станува збор за инфекција на уринарниот тракт и беше отпуштен од болница на 7-ми јануари 2015 година.

ali2

Американскиот боксер Мухамед Али, е роден на 17-ти јануари во 1942 година, во Луисвил, Кентаки.

Роден е како Касиус Марселус Клеј џуниор, а кариерата ја започна како Касиус Клеј, но подоцна како и многу афроамериканци протестираќчи против политиките во САД го смени името.

Олимписки шампион е од 1960 година, а светски шампион во тешка категорија во верзијата WBA беше од 1967 до 1968 и од 1974 до 1979, и во верзијата WBC од 1964 до 1969 и од 1974 до 1978 година.

Во текот на кариерата Али имаше вкупно 61 меч во професионална конкуренција, од кои победил во 56, од кои 37 го завршил со нокаут. Немаше ниеден нерешен меч, а забележа 5 порази.

али1

Неговото име стана симбол за професионалниот бокс, а ја измисли тактиката која ја опишуваше како „рацете работат, очите гледаат, летам како пеперутка, боцкам како оса“, која и денес е популарна.

Во 1999 година Али беше прогласен за Спортист на векот.

Погледнете ги најдобрите 10 нокаути во кариерата на Али…