Милански Интер повторно продаден, Сунинг од Кина е нов сопственик!

Сопственик на фудбалскиот клуб Џангсу, кинеската инвестициска компанија Сунинг, го купи контролниот пакет акции на калчолигашот Интер.

сунинг

Компанијата Сунинг, од досегашниот газда индонежанецот Ерик Тохир, купила 70% од акциите на Интер, во вредност од околу 500 милиони евра.

Тохир, пред 3 години го купи контролниот пакет акции, во клубот ќе остане уште некое време, истото се очекува и за потпретседателот Хавиер Занети, додека почесниот претседател, кој поседува и малцински дел од акциите на Интер, Масимо Морати, целосно ќе се повлече од клубот.

„Соработка со компанија каква што е Сунинг, која има ресурси и амбиции, ќе им овозможи задоволство на нашите навивачи.

,,Наша цел во наредната сезона ќе биде да формираме силен тим кој ќе биде конкурентен во Серија А и во Лига Европа.

сунинг1

,,Сакаме што поскоро да се вратиме и во Лигата на шампионите каде што припаѓаме“, изјавил потпретседателот Занети.

На тој начин продолжува низата вложувања на кинески компании во европскиот фудбал, што го поддржува и претседателот на оваа држава Си Џипинг, кој е голем фудбалски фан.

сунинг2