Ноле, Ноле, шампионе… Конечно и Роланд Гарос во рацете на Џоковиќ!

Србинот Новак Џоковиќ влезе во историјата на белиот спорт, тенисот со освојувањето на единствениот гренслем кој му недостигаше, отвореното првенство на Франција Роланд Гарос.

nole rol

На „Филип Шатрие“ во Париз по голема борба која траеше повеќе од 3 часа, светскиот рекет број 1 Новак Џоковиќ со 3-1 во сетови го победи вториот носител британецот Енди Мареј со 3-6, 6-1, 6-2 и 6-4 и на тој начин го подигна победничкиот пехар кој му недостигаше од гренслем турнирите.

Ова беше 4-то финале на Џоковиќ на Роланд Гарос и прв трофеј со што ја комплетираше колекцијата од четирите гренслем турнири.

nole rol2 nole rol1

Џоковиќ во Париз ја освои својата 12-та гренслем титула во неговата кариера на 115 издание од Ролан Гарос.

Во шестото финале по ред Џоковиќ ги заокружи титулите од грен слем турнирите, започна лани на Вимблдон, па преку Ју Ес Опен, а сезонава славеше на Австралија опен и заедно со Ролан Гарос стана осмиот тенисер во историјата со победи од сите четири, или врзано, трет, но во некалендарска година, откако претходно тоа го сторија само Австралиецот Род Лејвер и Американецот Дон Баџ.

џоковиќ роланд3 џоковиќ роланд4 џоковиќ роланд4

Џоковиќ во Париз го освои 65-от турнир во кариерата за кој заработи 2 милиона и 200 илјади евра.

За Мареј кој го одигра своето прво финале на Роланд Гарос во кариерата остана двојно помалата парична награда.