Стартува ЕП во карате во Франција, Македонија со 16 каратисти ќе атакува на нови медали

Loading

Агенцијата за млади и спорт е стартното место од каде Македонските каратисти го трасираат успешниот поход наречен Европско првенство.

AMS KARATE 1

Овојпат дестинацијата е Монпеље, Франција. Пресот го отвори директорот Марјан Спасески кој посака на сите репрезентативци успех на претстојниот континентален собир.

,,Нашите каратисти во последните неколку години редовно се враќаат со трофеи од ЕП и затоа и сега очекуваме продолжување на тој тренд, иако конкуренцијата е се посилна. Впрочем, токму ваквите резултати се мотив повеќе Агенцијата за млади и спорт да дава континуирана поддршка на Македонската карате федерација.

,,Имено, за овој настап на ЕП во Монпеље од страна на АМС се издвоени 600.000 денари, а за меѓународната програма и за стручната работа на Карате федерацијата, АМС има издвоено вкупно 1.630.000 денари и со неа се опфатени учеството на ЕП за сениори во Монпеље, Светското првенство во Линц, Австрија како и стручната работа на тренерите и селекторите со репрезентативците.

,,Агенцијата за млади и спорт секогаш е почетната точка за тргнување и крајната дестинација на која секогаш враќаат нашите спортисти со освоени одличја на меѓународната спортска сцена. Така нека биде и овојпат. Им посакувам добри настапи и многу медали на сите наши учесници, истакна Спасески.

AMS KARATE 2

Карате спортот дефинитивно е меѓу најуспешните и најтрофејните спортови во земјава, а за тоа говорат и резултатите.

По големите успеси на македонското карате, кое во изминатите неколку години и ги донесоа Наташа Илиевска, Иво Цветковски, Жарко Арсовски, Ардита Исени, Огнен Груевски, Берат Јакупи, Мартин Несторовски, Емил Павлов и останатите, верувам дека ваквата позитивна тенденција ќе продолжи и ќе се радуваме на нови успеси.

Голем дел од нашите репрезентативци се и носители на стипендиите, кои ги доделува АМС, како и на највисокото спортско признание, Националното спортско признани – Спортска пензија, со што им оддаваме почит и јавно признание и докажуваме дека државата се грижи и понатаму ќе продолжи да се грижи за врвните спортисти, кои ја промовираат Република Македонија на меѓународната спортска сцена.

Во Монпеље ќе настапат 43 држави со над 400 натпреварувачи, а Македониија патува со 16 репрезентативци.