ЛШ вечерва го добива првиот финалист, Баерн го пречекува Атлетико!

Loading

Вечерва Лигата на шампионите ќе го добие првиот патник во големото финале кое се игра на 28 мај во Милано.

bay-atl

На Алијанц арената во Минхен, Баерн го пречекува Атлетико Мадрид, а баварците бркаат негатива од еден гол по минималниот пораз во Мадрид пред недела дена.

Баерн ќе се обиде да избегне елиминација трета година по ред во полуфиналето од тимот кој доаѓа од Шпанија.

Лани и полани Реал Мадрид и Барселона го добиваа двомечот со Баерн по што стануваа шампиони на Европа.

Атлетико Мадрид се бори за пласман во финалето каде досега играше два пати во клупската историја, а Баерн ќе се бори за своето 11 финале во историјата.

„Јорганџиите“ имаат најдобра одбрана во елитата со 5 примени погодоци, а во моментов игра во одлична форма, на последните 7 дуели во сите конкуренции прими гол само на еден натпревар.

Во тимот на Гвардиола поради повреди ќе недостигаат Робен и Бадштубер, а кај Атлетико нема да го гледаме Тиаго.

Во второто полуфинале утревечер на „Сантијаго Бернабе“ Реал Мадрид е домаќин на Манчестер Сити, а првото нивно соочување на „Етихад“ заврши без голови 0-0.