Составот на Португалија за ЕУРО 2016

Loading

Фернандо Сантос, селекторот на репрезентацијата на Португалија го објави списокот на 23 фудбалери за настап на Европското првенство во Франција.

portugal1

Во составот се најде и тинејџерот, 18-годишниот Ренато Санчез, кој од следната сезона ќе игра за Баерн Минхен и досега одигра два дуела за Португалија.

Санчез доби право да игра за националниот тим, откако Бернардо Силва од Монако заработи повреда минатиот викенд и отпадна од составот за еурото.

Освен Силва за Португалија нема да играат уште и Дани и Фабио Коентрао кој исто така се повредени.

Голмани – Руи Патрисио (Спортинг Лисабон), Антонио Лопез (Олимпик Лион), Едуардо (Динамо Загреб)

Одбрана – Виериња (Волфсбург), Седрик Соарес (Саутемптон), Пепе (Реал Мадрид), Рикардо Карваљо (Монако), Бруно Алвес (Фенербахче), Жозе (Саутемптон) Елизеу (Бенфика), Рафаел Гереиро (Лориен)

Средина – Вилијам Карваљо (Спортинг Лисабон), Данило Переира (Порто), Жоао Моутињо (Монако), Ренато Санчез (Бенфика), Адриан Силва (Спортинг Лисабон), Андре Гомес (Валенсија), Жоао Марио (Спортинг Лисабон)

Напад – Рафаел Силва (Брага), Рикардо Кварезма (Бешикташ), Нани (Фенербахче), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид) и Едер (Лил).

На Евро 2016 Португалија е во група со Австрија, Унгарија и Исланд.

portugal 2016