15 милиони евра дава Манчестер Јунајтед за Ибрахимовиќ за 1 година!

Loading

Манчестер Јунајтед понудил 15 милиони евра за едногодишен договор на Златан Ибрахимовиќ.

ibra utd

Шведскиот репрезентативец од 1.јули ќе биде слободен играч, и најави дека нема да остане во ПСЖ, а се шпекулира дека има финасиски богати понуди од Кина и од САД.

Златан Ибрахимовиќ, се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед, каде го очекуваат и доаѓањето на Жозе Мурињо, но прашање е дали напаѓачот и тренерот ќе пристигнат на „Олд Трафорд“ откако стана јасно дека Јунајтед нема да игра во Лигата на шампионите.

Ибрахимовиќ во текот на својата кариера играше за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона и Милан, а за четири сезони во ПСЖ постигнал 154 голови на 179 одиграни натпревари.