Словачка ја изненади Русија со 2-1 во групата Б на ЕВРО 2016

Loading

На ЕП 2016 во Франција започна 2.коло од фазата по групи.

хамшик

Се одиграа три меча, два од А групата и 1 од Б групата. Во Лил, Словачка ја совлада Русија со 2-1, со головите на Валдимир Вајс во 32 и Марек Хамшик во 45 минута, додека стрелец за руската селекција беше Глушаков во 80 минута.

Рускиот селектор Леонид Слуцки и по мечот не веруваше колку наивни излегоа неговите играчи во првото полувреме, овозможувајќи им на Словаците со само два удара кон голот да создадат предност од два гола.

русија-словачка

Голот ги разбуди руските надежи дека може да освојат бод, како против Англија во судиското продолжување, но тоа не се оствари иако во 86 минута Смолов можеше да реагира подобро.