Романија и Швајцарија ги поделија бодовите, 1-1 во групата А

Во А групата Романија и Швајцарија ги поделија бодовите играјќи 1-1.

stanku

Натпреварот почна со две одлични шанси за Швајцарија, но напаѓачот Сеферовиќ и на овој меч покажа дека не е доволно добар, ги промаши и двете прилики.

Казната стигна брзо, во 18. минута Лихштајнер го влечеше за дрес противникот, судијата покажа на белата точка.

Станчу беше прецизен и донесе водство на Романија од 1-0. Три минути подоцна Шар имаше фантастичен обид од далечина, топката леташе со сув лист под пречката, но голманот Татарушану спречи изедначување.

Во 28. минута Романија имаше убава прилика да дојде до водство од 2-0, но Сапунару ја погоди десната статива.

романија-швајцарија

Израмнувањето стигна во 57. минута кога една топка во шеснаесетникот на Романија дојде до Мехмеди кој со силен удар ја смести топката во мрежата на противникот, Швајцарија изедначи на 1-1.

До крајот на мечот двете репрезентации немаа посериозни шанси за победа, па во последното коло ќе го бркаат пласманот во осминафиналето иако Швајцарците се речиси сигурни таму.