Сезоната 2016/17 во мак баскетот започнува на 15 октомври!?

Новата 2016/17 сезона во кошаркарскиот шампионат на Македонија ќе започне на 15 октомври, што значи дека три екипи Куманово, Кожув и Фени своите први официјални мечеви ќе ги имаат на меѓународна сцена во БИБЛ.

mak basket prva liga

До датумот на кој треба да почне лигата има уште 11 дена, период во кој прволигашите, па и Управниот одбор на МКФ треба да ги утврдат календарот и системот за натпреварувања, и да се изврши ждрепката за редоследот на мечевите.

Во најава беа и измени во регистрацискиот правилник, но затоа ќе треба да се изјасни Собранието.

МЗТ Скопје и Карпош Соколи како два клуба кои ќе играат во две меѓународни натпреварувања, ќе го прескокнат првиот дел од сезоната во лигата, и тоа купување време добро ќе им дојде, за да нема несакани последици од евентуална суспензија и забрана за настап на домашна сцена како што ФИБА бара од националните федерации кои имаат свои екипи во лигите кои таа не ги признава.

За настап во првата лига се пријавија уште Куманово, Работнички, Фени индустри, Вардар, Струмица, АВ Охрид, Кожув и Пелистер, па тие 8 тима ќе се борат за место во суперлигата.