Проблеми за Реал Мадрид, Лука Модриќ во аут еден месец!

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ, поради повреда на коленото, ќе биде 1 месец надвор од фудбалските терени.

лука модриќ

Оваа информација ја соопшти неговиот клуб Реал Мадрид.

Лука се повреди на дерби натпреварот во Дортмунд против Борусија, во Лигата на шампионите.

Модриќ нема да биде во хрватската репрезентација на квалификациските натпревари против Косово и Финска.

Во Примера нема да игра против Еибар, Бетис и Билбао, како и двата дуела против Легија во Лигата на шампионите.

Лука Модриќ ја игра петтата сезона во Реал, а претходно настапуваше за Динамо Загреб и Тотенхем.