Роџерс мастерс купот во Торонто го откажаа Мареј, Надал и Федерер…Ова се причините!

Loading

Тенискиот Роџерс мастерс куп од серијата 1000 што за неколку дена започнува во главниот град на Канада, Торонто, ќе биде значително ослабен поради тоа што тенисерите шампионот Енди Мареј, Рафаел Надал и Роџер Федерер нема да играат на него.

роџерс куп

Прв се откажа Мареј, кој обелодени дека му е потребен уште краток одмор, за потоа да почне со подготовки за настап на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро, каде ќе го брани златото освоено пред четири години во Лондон.

За Мареј, ова ќе биде првпат да не игра во Торонто по 2006 година.

Своето откажување го обелодени и Федерер, кој преку социјалните мрежи објави дека нема да патува во Канада.

И Рафаел Надал, кој поради повреда не настапи на Вимблдон, не успеа да се рехабилитира навреме за да учествува на турнирот во Канада.

nadal-murray-federer

Па така во отсуство на овие тројца од првите четири носители, Новак Џоковиќ е голем фаворит за освојување на трофејот, а најголем ривал на српскиот тенисер ќе му биде домашниот миленик Милош Раониќ.