Просечната плата во ПСЖ е 990 илјади евра – Од сумите боли глава, а еве кој заработува најмногу!

Просечната плата на фудбалер на ПСЖ е 990.000 евра месечно, а најголема плата зема бразилскиот напаѓач Нејмар со околу четири милиони евра, објави францускиот тим.

ПСЖ е во сопственост на Државниот инвестициски фонд на Катар од 2011 година. ПСЖ оваа сезона беше елиминиран во осминафиналето на Лигата на шампионите од Реал Мадрид, а во француското првенство стигнаа до шампионската титула.

Нејмар зема бруто месечна плата од 4.083.000 евра, аргентинскиот напаѓач Лионел Меси е втор на листата со плата од 3.375.000 евра, а на третото место е Килијан Мбапе со (2.220.000).

Според листата, најплатен играч во Европа надвор од Франција е напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо со 2,6 милиони евра.

Просечната плата во парискиот клуб е 990.000 евра, додека за сите тимови во најсилниот ранг на францускиот шампионат е 100.000 евра (67.000 без ПСЖ).

На второ место по бруто плата е Марсеј (226.000 евра), трет е Монако (185.000), додека на четврто и петто место во Франција се Ница и Лион со 130.000, односно 120.000 евра.

Француските клубови ќе потрошат 1,73 милијарди евра за плати оваа сезона, а вкупниот приход е намален за 29% од март 2020 година, поради пандемијата на корона вирусот и финансиските проблеми на шпанската телевизија „Медиапро“.