Хамилтон во проблеми поради новите правила – Му се заканува забрана за настап во Монако!

БРИТАНСКИОТ Формула 1 возач Луис Хамилтон на прес-конференција се пожали на новото правило на организацијата.

луис

Имено, возачите повеќе не смеат да носат накит во автомобилот, а тоа не му се допаѓа на Хамилтон.

Тој на прес-конференцијата дојде со три рачни часовници, осум прстени, неколку алки и ѓердани. Хамилтон се пожали дека таквата одредба на ФИА е апсолутно непотребна и „чекор наназад за спортот“.

Хамилтон објасни дека носи два пирса кои не можат да се отстранат. Еден од нив е пирсинг на носот, а тој никогаш немал проблем со тоа.

Тој одговори и на прашањето дали ќе се повлече од трката доколку добие забрана за настап поради накит.

„Ако поради тоа ми забранат да настапам, нека ми е, имаме резервен возач.

Хамилтон се согласи да ги отстрани пирсовите кои лесно може да се отстранат за трката во Мајами, но нема да смее да ги има на трката во Монте Карло.

Одредбата со која се забранува носење накит, ФИА ја донела, како што објаснија, од безбедносни причини.