Северин Лути, селекторот на швајцарските тенисери, изјави дека шансите се мали Роџер Феререр и Станислас Вавринка да играат во Дејвис купот следната година.
Федерер и Вавринка минатата година ги предводеја Швајцарците до титула во ова натпреварува, а оваа сезона испаднаа уште по првото коло.
Селекцијата на Швајцарија во првото коло игра против Италија.
Селекторот мисли дека учествувањето на Федерер и Вавринка е под знак прашалник поради густиот распоред следната сезона.
„Поради Олимписките игри во Рио, распоредот ќе биде густ и тешко дека Стен и Роџер ќе играат за репрезентацијата“, изјави Северин Лути.