Валентино Роси следната сезона ќе атакува на неговата 10-та титула во Кралската класа

Loading

Италијанскиот мотоциклист Валентино Роси вети дека ќе работи уште пожестоко, и дека следната година ќе ја напаѓа титулата во „Кралската класа“, каде при евентуално освојување, би ја задоволил правдата, а и неговата 10 титула.

Valentino-Rossi-46

„Не ми е потребен одмор, сакам да го возвратам ударот во 2016 година. Можеби во Валенсија заврши официјално старата сезона, но за мене тоа не е готово, за мене никогаш ништо не е готово“, смета Роси.

Тој и кога е на одмор, во неговата глава се врти моторот на Јамаха. Тој деновиве победи на Релито Монца, која секоја година традиционало се одржува, и каде „докторот“ донекаде си ја врати самодовербата по загубената титула.

Монца е секако голем момент за мене, добар начин малку да ја вратам самодовербата“, тврди Валентино Роси кој не ја исклучува можноста и да стане Рели возач во иднина.