Рено се враќа во Формула 1, но во конкуренција на конструктори во тимот на Лотус

Loading

Францускиот производител на мотори Рено, од следната сезона, се враќа во шампионатот на Формула 1, во конкуренција на конструктори.

Renault1

Рено во тандем со Ред Бул пет години доминираше во Формула 1, а сега ќе го преземе тимот на Лотус.

Рено низ историјата има освоено четири шампионски титули во Формула 1, две со Бенетон му донесе Михаел Шумахер, а другите два Фернандо Алонсо.

Рено, кон крајот на 2009 година на Грен капитал му ги продаде правата за учество во шампионатот и ја напушти Формула 1 како конструктор, но остана во првенството како производител на мотори.

Со Ред Бул доминираше во Формула 1 од 2010 до 2013 година, но минатата година двете компании имаа големи несогласувања откако Ред Бул беше далеку од конкурентот Мерцедес.

Договорот помеѓу Ред Бул и Рено требаше да важи и за наредната натпреварувачка сезона, но на барање на Ред Бул тој заврши летово.

Првите неколку месеци Рено ќе соработува со тимот на Лотус за полесно да го мине периодот на превземање.

Новиот договор со Формула 1 и Рено важи до 2024 година, а наредната сезона возачката постава ќе ја сочинуваат Пастор Малдонадо и Џулион Палмер, кој сезонава беше тест возач на Лотус.