Одбојкарите на Македонија со максимални три победи го завршија првиот турнир од Европската лига!

Македонската одбојкарска репрезентација со максимални три победи го заврши првиот од двата турнира од годинашното издание на Европската лига.

odbojkari1

Во Варна, македонските одбојкари беа поуспешни од домаќинот и фаворит Бугарија со 3-1.

Првиот сет донесе голема борба, а на крајот на разлика, Македонија триумфираше со 31:29. Бугарите изедначија по 25:15 во вториот сет, а третиот и четвртиот Македонците ги добија со 25:21.

Претходните два дена, Македонија ги совлада Албанија и Данска и се наоѓа на добар пат да обезбеди пласман на завршниот „фајнл-фор“ турнирот кој одново ќе се игра во Варна.

Во меѓувреме, следниот викенд четирите селекции ќе играат турнир во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.