Пике ја спаси Шпанија и го прекина проклетството на 13 јуни!

Шпанија со минимална победа над Чешка (1-0) ја започна одбраната на титулата на ЕУРО 2016.

пике

Шпанците според очекувањата го контролираа поседот на топката, создадоа повеќе шанси за гол, но Нолито, Мората, Давид Силва и Адурц не успеаја да го совладаат Петр Чех.

Шанси имаа и Чесите, кои не се уплашија од фаворитот, но Де Хеа го одбрани ударите на Нецид во финишот на првиот дел и Дарида во 92.минута.

шпанија-чешка

Единствениот гол го постигна дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике во 87.минута кога по центаршутот на Иниеста од непосредна близина со глава го совлада Петр Чех со што ги постави конечните Шпанија-Чешка 1-0.

пике1

Второто коло во Д групата ќе се одигра в петок, а на програмата се дуелите Шпанија-Турција и Хрватска-Чешка.