Коцкестите стартуваа со победа над Турција со бомбата на Модриќ!

Во рамките на групата Д, Хрватска со победа го започна својот настап на Европското првенство во Франција, откако со 1-0 ја победи Турција.

лука модриќ

Иако три пати ја погодија рамката на противничкиот гол, „коцкестите“ славеа минимално со погодокот на Лука Модриќ во 41. минута со топовски удар од триесетина метри.

Во вториот дел Хрватска имаше уште неколку одлични шанси, а најблизу да ја затресат мрежата на Турците беа Срна, кој од слободен удар ја погоди гредата, и Иван Перишиќ во 83. минута кого исто така гредата го спречи да се запише во листата на стрелците.

Инсерти од мечот…