Македонската одбојкарска репрезентација со максимални три победи го заврши првиот од двата турнира од годинашното издание на Европската лига.
Во Варна, македонските одбојкари беа поуспешни од домаќинот и фаворит Бугарија со 3-1.
Првиот сет донесе голема борба, а на крајот на разлика, Македонија триумфираше со 31:29. Бугарите изедначија по 25:15 во вториот сет, а третиот и четвртиот Македонците ги добија со 25:21.
Претходните два дена, Македонија ги совлада Албанија и Данска и се наоѓа на добар пат да обезбеди пласман на завршниот „фајнл-фор“ турнирот кој одново ќе се игра во Варна.
Во меѓувреме, следниот викенд четирите селекции ќе играат турнир во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.