Новак Џоковиќ ќе игра во Скопје!

Loading

Новак Џоковиќ планира да игра егзибициски натпревари низ градовите од поранешна Југославија.

џоковиќ

Тој почна да зборува за вакви средби за време на Вимблдон, каде што има голем број тенисери од неколку земји, меѓу кои доминираат Србите и Хрватите.

,,Јас сум југоносталгичар иако немам живеено во Југославија, но и покрај тоа, чувствувам поврзаност бидејќи имам семејство во Србија, Хрватска и во Црна Гора.

,,Со ниту еден тенисер од поранешна Југославија никогаш не сум имал проблем, а секогаш кога сме отворале чувствителни теми сите се слагавме дека војната не донесе добро за никого – изјави Џоковиќ.

Целта е да се играат натпревари во сите главни градови од шесте републики, па останува да се види кога ќе дојде до оваа реализација.

Веројатноста да се случи ова ќе има, но во текот на следната 2017 година.