Вимблдон 2016: Без изненадувања на вториот ден!

На вториот ден на тенискиот гренслем Вимблдон не се случија изненадувања, па така фаворитите изборија место во 2.коло.

вимблдон

Стен Вавринка со 3-1 во сетови го победи Тејлор Фритц. Вавринка првиот сет го освои по голема борба и тај брејк.

Сетот помина без брејк од двете страни, а во тај брејкот швајцарецот славеше со 7:4. Вториот сет Вавринка го доби со 6:1, а Фритз одлично го одигра третиот сет и по тај брејк успеа да слави со 7:6.

Четвртиот сет повторно донесе подобра игра на Вавринка кој направи два брејка а претрпе еден и славеше со 6:4 за пласман во второто коло.

Во 2.коло без поголеми проблеми се пласираше и Енди Мареј по победата против Броди со 3:0 и аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро кој беше подобар од Роберто со 3:0.

Во 2.коло пласман обезбедија и Браун, Цонга, Монако, Гаске, Киргиос, Троицки, Лопез, Милер и Баутиста.

Кај дамите денот мина без изненадувања па така 2.коло се пласираа Кузнецова, Гаврилова, Гарсиа, Веснина, Серена Вилијамс, МекХејл и Цибулкова.