Нов 4-ри годишен договор потпиша Мурињо со Челзи

Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо, потпиша нов четиригодишен договор со лондонскиот клуб.

jose1

Новиот договор има важност до 2019 година, а португалскиот стручњак истакна дека се надева на нови успеси со „сините“.

Овој клуб е во моето срце и се надевам дека уште долго ќе останам тука“, изјави Мурињо кој во Челзи се врати во 2013 година, а минатата сезона со клубот ја освои Премиер лигата и Лига купот.

Во својот прв мандат Португалецот во Челзи беше од 2004 до 2007 и за тоа време освои 2 титули во Премиер лигата, ФА купот, Лига купот и англискиот Суперкуп.