Нејмар заминува во затвор!? – Ѕвездата на ПСЖ и Бразил вмешан во милионска измама!

Еден од најдобрите светски фудбалери, кој е меѓу тројцата најпопуларни играчи во моментов, би можел да заврши во затвор поради трансфер нерегуларности.

фото: Profimedia

Во понеделник, Нејмар мора лично да се појави на судењето во Барселона, објави „Ле Паризиен“.

Истрагата за неговиот трансфер од Сантос во Барселона трае подолго време, а францускиот весник пишува дека обвинителството бара фудбалерот да биде осуден на две години затвор со парична казна од 10.000.000 евра во случај Судот да го прогласи за виновен.

Покрај Нејмар, на судењето мора да се појават и неговите родители, како и Хосеп Марија Бартомеу и Сандро Росел, поранешни функционери на Барселона, и Одилио Родригез од Сантос.

Во 2013 година Бразилецот се пресели во Барселона како дваесет и едногодишен, а според некои информации бразилската компанија ДИС требало да добие 40% од трансферот.

Токму оваа компанија тврди дека е измамена, дека фудбалерот е продаден под цената и дека добила значително помалку пари од очекуваното.

Од ДИС се надеваат дека сите учесници во „измамата“ ќе добијат казна од четири до шест години затвор со висока парична казна.

Конкретно, за Нејмар, компанијата која тврди дека е повреден бара пет години затвор, додека адвокатот на семејството тврди дека конечната одлука ја носи бразилското правосудство и дека шпанскиот суд не може да се справи со тоа.