Направи контроверзен тест и остана шокиран од резултатите – Газдата на УФЦ дозна уште колку години ќе живее!

Loading

Сопственокот на УФЦ, Дејна Вајт, направи контроверзен тест кој наводно предвидува уште колку години ви преостануваат да живеете и остана шокиран кога ги доби резултатите.

Многу богати Американци плаќаат големи пари за различни генетски тестови за да дознаат колку долго ќе живеат. Со него е опседнат и сопственикот на најмоќната организација за боречки вештини.

53-годишникот неодамна направил контроверзен ДНК тест и дознал дека наводно му остануваат уште само 10 години живот.

Со мерење на теломерите, специфични структури на краевите на хромозомите кои се скратуваат како што луѓето стареат, тие наводно можат да ја откријат вашата „судбина“.

Луѓето со пократки теломери имаат поголема веројатност да развијат болести како што се рак, срцеви заболувања, Алцхајмерова болест…

Вајт, кој се проценува дека вреди 500 милиони долари, платил околу 600 долари за овој тест и тврди дека открил дека има уште 10,4 години живот.

Затоа решил да го промени начинот на живот, сега е на посебен режим на исхрана и почнал редовно да вежба.

Многу почитувани лекари сметаат дека е неодговорно да се прават вакви прогнози, бидејќи никој не може да ја предвиди иднината.

Д-р Хенк Грили, експерт за генетика на Универзитетот Стенфорд, тврди дека овие тестови се „речиси сигурно“ неточни.