Кошаркарите на МЗТ Скопје стигнаа до третата победа сезонава во АБА лигата во нивниот шести настап во новата сезона во регионалното кошаркарско натрпеварување.
МЗТ славеше над Сутјеска во Никшиќ со 77-68 и ја забележаа првата гостинска победа сезонава во АБА лигата.
Металците со оваа победа се искачија на петата позиција на табелата, а против дебитантот во лигата, го контролираше ритамот на играта од самиот почеток.
Домаќинот на три минути до крајот успеа да стигна до негатива од три поени 67:64, но Луковиќ веднаш потоа одговори со 2+1, а потоа Љубичиќ и Стојановски ставика точка на победата на МЗТ Скопје.
Кај македонскиот шампион најпрецизен со 18 коша беше Мијатовиќ, додека најдобар играч на теренот беше Дамјан Стојановски со 15 поени и 8 скокови.
Ова 6.коло утре ќе го затворат тимовите на Мега Лекс и Игокеа, а МЗТ Скопје следниот противник ќе го пречека во СЦ Јане Сандански на 25 октовмри кога доаѓа Цибона.