Милан го враќа Тијаго Силва од ПСЖ!

Бразилскиот дефанзивец на ПСЖ, Тијаго Силва на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер.

силва

Челниците на тимот од Паркот на принцовите се уште не му понудиле продолжување на соработката.

Агентот Пауло Тонието, откри дека е можно Силва повторно да го облече дресот на неговиот омилен клуб, италијанскиот гигант Милан.

,,Нов договор со ПСЖ? Во овој момент нема никаква понуда, но можно е да има нешто ново во декември.

,,Силва нема да потпише нов договор доколку ПСЖ не обезбеди пласман во ЛШ.

,,Не е тајна дека Милан има специјално место во неговото срце, дека многу го сака Милано, каде што му беше многу убаво.

,Можно е повторно да го облече дресот на Милан, но прво, италијанскиот клуб мора да обезбеди пласман во Лигата на шампиони.

,,Мислам дека има реални шанси за такво нешто, изјави агентот на бразилскиот интернационалец.