30 милиони евра е наградниот фонд на Евролигата за сезоната 2016/17

Loading

Претседателот на Евролига, Жорди Бертомеу објави дека наградниот фонд за сезоната 2016/17 ќе изнесува околу 30 милиони евра.

евролига

За победа следуваат по 40.000 евра, а оваа сума ќе се зголеми на 70.000 евра за триумф во плеј-офот.

Победникот ќе инкасира 1 милион евра, вицешампионот половина милион, третопласираниот тим 300.000 евра.

Последниот тим на завршниот турнир во Истанбул ќе добие 200.000 евра.

Првпат ќе учествуваат 16 екипи, а првиот натпревар е на 12 октомври во Мадрид, а ќе се сретнат Реал Мадрид и Олимпијакос.