Многу се шпекулираше за судбината на Лионел Меси и неговиот следен клупски ангажман, а сега се појавија нови информации.
Доверливиот Sky Sports ексклузивно објави дека капитенот на Аргентина донел одлука да остане барем уште една сезона во европскиот фудбал.
Еден од најдобрите во историјата на оваа игра потоа ќе замине во Интер Мајами, со кого е поврзуван подолг период.
Скај исто така тврди дека Лео е фокусиран само на Мундијалот во Катар и ги одложил преговорите за по Мундијалот.
Се зборуваше за враќање во Барселона, но Скај објави дека потпишувањето на нов едногодишен договор на Меси со Пари Сен Жермен е пореална опција.
Договорот на Аргентинецот со „светците“ истекува следното лето, а тој призна дека се навикнал на животот во француската престолнина и дека неговото семејство ужива.