Килијан Мбапе летово потпиша нов договор со ПСЖ до 2025 година.
Иако се беше подготвено Французинот да премине во Реал Мадрид, тоа не се случи, а младиот напаѓач остана во Париз.
Меѓутоа, сега угледниот француски весник „Лекип“ ја разбранува јавноста, откако дозна како Мбапе по две години може бесплатно да го напушти „Паркот на принцовите“.
Неименуван извор тврди дека играчот потпишал двегодишен договор со „светците“ со опција за продолжување на соработката на уште една година доколку самиот играч посака.
,,Од Мбапе зависи последната година од договорот – напиша изворот на „Лекип“.
Јасно е дека сега навивачите на Пари Сен Жермен се загрижени бидејќи Мбапе тешко дека ќе одбие да се пресели во славниот Реал по втор пат.