(ВИДЕО) ХИТ снимка од тунелот на Баерн – Левандовски не се поздрави само со еден!

Loading

Роберт Левандовски се врати на „Алијанц Арена“, стадионот на Баерн кој го нарекуваше дом од 2014 година до летово, кога го замени дресот на баварскиот гигант со оној на Барселона.

фото: MIS/Imago Images

Враќањето резултатски не му се допадна, Баерн ја совлада Барса со 2:0 во натпревар од 2.коло од групата Ц во Лигата на шампионите.

Полскиот напаѓач кој освои се што беше можно додека настапуваше за Баерн и постигна учинок од 344 гола и 72 асистенции на 375 натпревари, беше топло пречекан во Минхен, каде публиката го поздрави со аплауз.

Тој пред средбата се поздрави со своите поранешни соиграчи во тунелот, а снимен е момент кој збуни многумина.

Левандовски беше многу расположен кога се ракуваше и ги прегрна своите поранешни соиграчи.

Упатувајќи поздрав, стигна и до Томас Милер, кого не го поздрави на ист начин….

НАЈДОБРИТЕ МОМЕНТИ ОД МЕЧОТ……