ШОК детали! – Поради овој бизнисмен кој бил дел од три кражби, Лука влезе во војна со неговата мајка Мирјам!

Валканите алишта излегоа на површина… Среде Евробаскетот, одекна веста дека најдобриот словенечки кошаркар Лука Дончиќ започнал расправија против неговата родена мајка Мирјам Потербин.

фото: EPA Clemens Bilan, Printscreen Instagram

Словенечкиот репрезентативец поднел барање до Канцеларијата за патенти и трговски марки на САД (USPTO) дека сака да ја откаже регистрацијата на трговската марка „Лука Дончиќ 7“, која е во сопственост на неговата мајка Мирјам.

Словенечките медиуми откриваат дека Дончиќ не е во кавга со мајка си, туку спорот бил започнат за да се исклучи од приказната нејзиното поранешно момче – бизнисменот Борис Пожег ака „Пикси“.

Борис бил во врска со атрактивната мајка на Дончиќ Мирјам. Додека биле заедно, поранешната манекенка направила фатална грешка – го пуштила да управува со нејзините деловни компании кои го пласираат брендот на Лука Дончиќ.

Пожег дури стана сопственик на 40% од компанијата „Лука Дончиќ 77“, која работи во Европа.

Бизнисменот подоцна раскинал со мајката на Лука, па ситуацијата уште повеќе се искомплицирала.

Лука сега на секој можен начин се обидува да ја извади „Пикси“ од игра.

Борис Пожег ака „Пикси“ е истакнат бизнисмен од Љубљана. Се занимава со продажба на недвижности и угостителство. Бил косопственик на познат хотел, а во меѓувреме се префрлил на индустријата за сладолед и продажба на недвижнини.

Интересно, оваа година Пожег беше под истрага за учество во три големи кражби.

Наводно, тој и уште двајца ја оштетиле другата страна за повеќе од 45 илјади евра. Обвинителството ги товари дека украле две возила и скутер што Мирјам му ги подарил на Лука.

Сепак, Пожег минатиот месец демантираше се…