Аргентинецот Хавиер Маскерано, го продолжи договорот со Барселона на уште една година.
Тоа значи дека аргентинецот ќе остане на Ноу Камп до јуни 2019 година.
Оваа информација ја потврди и спортскиот директор на Барса, Роберт Солер.
Маскерано на „Ноу Камп“ пристигна од Ливерпул во 2010 година, а претходно го носел дресот на Ривер Плата, Коринтијанс и Вест Хем Јунајтед.
Досега нема постигнато ниту еден гол во одиграните 289 натпревари за Барселона.
Со клубот има освоено 16 трофеи, меѓу кои два во Лигата на шампионите и четири во шпанското првенство.
За Аргентина настапил на 133 натпревари, на кои постигнал 3 гола.