Реал Мадрид и германецот Тони Крос заедно до 2022 година!

Германскиот репрезентивец Тони Крос го продолжи договорот со „краскиот клуб“ уште две сезони.

тони1

На „Сантијаго Бернабеу“ Крос дојде во 2014 од Баерн М, a останува во Реал Мадрид до 2022 година.

Оваа вест ја потврди и „кралскиот клуб“ преку својата интернет страница.

Тој пред две години потпиша со Реал до 2020 година што сега е продолжен за нови две години.

Финансиските услови остануваат тајност. Оттогаш има 108 настапи во дресот на Реал Мадрид.

тони

Лани со „кралевите“ ја освои Лигата на шампионите, трофеј што го подигна и една година претходно како член на Баварците.

Реал претстојниот викенд ќе игра со Бетис во рамките на осмото коло во Шпанската Примера со што се очекува прекинување на серијата без победи што трае веќе четири меча.