Мареј се пишмани, Лендл повторно ќе соработува со британецот!

Loading

Најдобриот британски тенисер Енди Мареј ја обнови соработката со поранешниот чешки тенисер Иван Лендл.

мареј-лендл

Чехот повторно ќе го тренира вториот светски тенисер. Под негово водство, Мареј го освои златниот медал на Олимписките игри во Лондон 2012, победи на УС Опен истата година, а една година подоцна го освои и Вимблдон.

,,Се радувам затоа што ќе работам со Лендл, изјави Мареј.

Најдобриот британски тенисер веќе еден месец е без тренер, бидејќи ја прекина соработката со Амели Морезмо.

мареј-лендл2

Како што изјави поради Џоковиќ тој повторно го повика Лендл за свој тренер.