Кошаркарска Македонија поразена од Иран со 80-75 на турнирот во Кина

Македонската кошаркарска репрезентација претрпе пораз од Иран во првиот меч на стартот интернационалниот турнир во Сужоу, Кина.

македонија-иран

Избраниците на селекторот Драган Раца одиграа добар натпревар со свои моменти, но на крајот моравме да се задоволиме со пораз од 80:75.

Првата четвртина „црвено-жолтите“ ја добиле со 19:18, но во втората четвртина Иранците направиле пресврт и заминале со предност 44-31.

Македонија во продолжението ја намали негативата, но немаше сили и енергија за целосен пресврт.

Денеска наш втор противник ќе биде репрезентацијата на Литванија.