Македонија домаќин на уште еден голем спортски настан – ЕП во ракомет во 2022 и 2024 година заедно со Словенија? (фото)

Loading

Македонија и Словенија ќе поднесат заедничка кандидатура за организација на Европското првенство во ракомет за мажи во 2022 и 2024 година.

ракометна македонија

И двете држави се подготвени заедно дa конкурираат за организација на ЕП.

Македонија и официјално веќе ја испрати својата кандидатура до ЕХФ. ЕХФ на стартот на следната 2018 година, ќе ги разгледува сите пристигнати кандидатури.

Kонечната одлука ќе ја соопшти на годишниот конгрес во Глазгов на 18. и 19. јуни 2018 година.

rakometna-reprezentacija

Противкандидати на Македонија и Словенија ќе им бидат: Белгија/Шпанија/Франција, Чешка/Унгарија/Словачка, Данска/Германија/Швајцарија, Русија/Белорусија и Литванија за ЕП 2022.

Додека за ЕП 2024 се: Чешка/Унгарија/Словачка, Данска/Швајцарија, Германија и Литванија.