Мејведер и Мекгрегор го имаа првото соочување – За малку ќе разменеа тупаници (видео+фото)

Loading

Долго очекуваниот бокс меч помеѓу Конор Мекгрегор и Флојд Мејведер ќе се случи на 26 август во Лас Вегас ова лето.

mek

И двајцата борачи го имаа своето прво соочување на официјалното претставување на големата борба.

Како што и се очекуваше имаше многу провокации и контроверзни изјави, па така малку недостигаше да се пресметаат.

Секако, мораше да реагира и обезбедувањето кога Мејведер и Мекгрегор се соочија на бината пред да ги дадат своите изјави.

Двајцата се провоцираа, а да не беше Дана Вајт ќе паднеше по некој бокс.

Гледачите едвај чекаат да се случи како што сите ја нарекуваат,,борбата на векот,,.

mek2

Цената на ППВ/PPV за средбата на 26 август ќе биде 89,95 долари за стандардна дефиниција и 99,95 долари за ХД.

Силите ќе ги одмерат, двојниот шампион на УФЦ, Конор Мегрегор и Флојд Мејведер, кој се активира од боксерската пензија само за овој меч.

Погледнете како помина нивното прво соочување во јавноста…