Потегот на српскиот баскет играч Булут кој ја полуде планетата (видео)

Loading

Дриблингот на членот на српската репрезентација во баскет 3×3, Душан Домовиќ Булут на натпреварот против Шпанија, е прогласен за најдобар потег на Европското првенство во Холандија.

bulut1

Булут против Шпанија на Серџо Де Ла Фуенте му ја протна топката низ нозе, а потоа постигна кош од прекршок.

Србија, која е актуелен светски шампион во баскет 3х3, го освои четвртото место на Европското првенство во Амстердам.

Шампиони станаа Летонците кои во финалето ја победија Словенија со 16-13, третото место го освои Украина

Погледнете што му направи Булут на шпанецот….