ЛОИ 2016: Руските одбојкари добија дозвола на настап и одбрана на трофејот во Рио!

Loading

Светската одбојкарска федерација и одобри на Русија да учествува на Олимписките игри во Рио де Женеиро 2016 и да го брани трофејот од пред 4 години од Лондон.

одбојка русија

Во соопштението  се наведува дека 30 руски одбојкари (во сала и на песок) имаат дозвола за настап, откако минатата седмица ФИВБ дополнително ги проверуваше списоците на тимовите кои ги доби од Одбјкарската федерација на Русија, а по допинг колективниот скандал во Русија, од кој не беа одминати и одбојкарите.

Александар Марки беше позитивен на тестовите направени во јануари и привремено суспендиран, а ФИВБ по разгледувањето на случајот реши дека Маркин не е виновен и иако ги прекршил допинг правилата, но дека рускиот одбојкар немал намера да го направи тоа, по што беше ослободен од обвинението.

Со дозволата која ја даде ФИВБ, машката репрезентација на Русија ќе има можност да го брани златниот олимписки медал кој го освои пред четрири години на олимписките игри во Лондон 2012.