(Фото) Со многу проблеми, конечно олимпискиот пламен стигна во Рио!

Loading

Олимпискиот пламен вчера конечно пристигна во Рио да Жанеиро.

пламен

По 20.000 километри долгото патување низ 300 градови и 26 покраини низ најголемата држава во Јужна Америка, олимпискиот пламен по серија протести стигна во Рио.

На патот кон градот, во кој утре започнуваат Олимписките игри, демонстрантите неколку пати се обидоа да го украдат факелот и да го изгаснат пламенот.

пламен2 пламен3

Првиот инцидент се случи во Сао Паоло, а проблеми имаше и во Порто Алегре, додека инциденти имаше и во јужното предградие на Рио да Жанеиро, каде што при минувањето на факелот настана вистински метеж и турканица.

Наводно, еден факел бил украден, а вториот изгаснат. Полицијата демонстрантите морала да ги растерува со солзавец. За многу Бразилци организацијата на ОИ е непотребен трошок.

Факелот во Рио пристигна на брод со кој управувал поранешниот едриличар и освојувач на олимписка медала Ларс Граел, а по градот прв го носеше градоначалникот Едуардо Паес.

пламен4 пламен5 пламен1

Денеска огнот ќе мине низ олимписката зона, а потоа се сели на познатите плажи Ипанема и Копакабана.

Патот го започна на 21 април во древната Олимпија во Грција, а пламенот својот пат ќе го заврши на стадионот Маракана.

Свеченоста на отворањето на ОИ во Рио ќе се одржи утревечер по локално време.